ИСПРАВКА: Сликата на Палевски со роднините на убиениот Жежовски на ФБ е објавена уште во март
На социјалните мрежи и интернет портали се шири селфи фотографија од Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче, на која според објавените постови, покрај Палчо се и зетот и внукот на убиениот Панче Жежовски.
Згрозените граѓани коментираат дека фотографијата наводно е направена откако Палчо прво ладнокрвно го убил Жежовски.
ДОПОЛНЕТО: По проверка од страна на тимот на Телма, утврдено е дека фотографијата не е оригинална туку е едитирана. Станува збор за фотографија која е исечена (кропирана) од стара фотографија на Палевски од Велес.
Фотографијата е снимена на 30-ти март 2023-та кога собирал потписи за партиска иницијатива. На фотографијата има повеќе луѓе, а двајца минуваат на пешачки премин. Не може да се утврди дали двете лица на пешачкиот премин се роднини на убиениот Панчо (исчезнат и убиен 8 месеци подоцна, на 22-ри ноември 2023.)
По проверката може да се заклучи дека содржината и инфото на фотографијата не се точни туку се лажни вести.