Крај на обвинителската кариера на Јовески – силна амбиција, слаба акција

Љубомир Јовески дојде тивко по бурната промена на власта во 2017 година. Мандатот го завршува во расправија со антикорупционерите за случајот „Труст“ и во „закопување на воените секири“ со министерката за добро владеење, пишува Призма.

Колегите за државниот обвинител што наскоро заминува во пензија, ќе кажат дека е смирен и воздржан човек, што и се покажа во неговиот мандат, во кој даваше умерени и незапаливи изјави за јавноста.

На чело на Обвинителството застана со богата правничка кариера, во која, меѓу другото, бил и судија, и претседател на суд. Предметот по кој ќе остане запаметен во судиската кариера е за формирањето паравојска во 1993 година. Но, се чини дека многу повеќе ќе остане запаметен како шеф на Јавното обвинителство.

„Му фали акција“, ќе рече негова поранешна колешка, опишувајќи го дури како премногу претпазлив.

Молчалив е, вели таа. Свесно избира да не отвора фронтови со колегите, дури и кога не се согласува со нив.

„Молчи, но си тера по свое. Како човек е добар, но како менаџер не е ‘булдожер’ што ќе прави коренити промени во Обвинителството“. Според неа, не му недостасува ни суета.

„Човек што го знае правото. Вреден е и работи, но не го покажува тоа. Таков му е карактерот“, вели друга соговорничка, која многу години работела со него како судијка.

А мандатот му беше турбулентен. Од политичките вратоломии околу донесувањето нов закон за јавно обвинителство, случајот „Рекет“ и погребот на некогашното СЈО, случајот со снимање на телефонската централа во обвинителствата…

Кариерата му ја обележаа последните две години. И тоа со потег што изненади многумина, како суспендирањето на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, но и со долгото чекање на листата да стане уставен судија.

Беше еден од ликовите што требаше да спроведе прочистување помеѓу обвинителските редови, но на крајот проверката не го постигна посакуваниот ефект.

Повеќе

Back to top button
Close