Бериша оди во домашен притвор. Во 2021 САД го стави на црната листа за корупција

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција на Албанија денеска донесе одлука со која се прифаќа барањето на Специјалното обвинителство за определување засилени безбедносни мерки за поранешниот шеф на државата и експремер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија.

Според одлуката донесена од шефицата на судот, Ирена Ѓока, Бериша од денеска е во домашен притвор под полициски надзор, а забранета му е и комуникација со други лица, освен членови на семејството, со кои живее во станот

Албанскиот премиер Еди Рама, на големиот интерес на новинарите околу ова прашање рече дека „не сака да коментира за лица кои се прогласени за нон грата од Соединетите американски држави“.

-Немам никаков коментар за нон грата, бидејќи не се занимавам со некој што е прогласен за нон грата од САД, тоа го кажав и порано, рече тој, охрабрувајќи ги правосудните органи да го „казнат секое лице вмешано во незаконски активности“.

Американскиот Стејт департмент, Бериша го прогласи за непожелна личност во мај 2021 година, поради вмешаност во корупција, додека во јули следната година тоа го направија и британските власти.

Back to top button
Close