Грозданов: Инвестициите во рударството мора да бидат надвор од дневно политичките агенди

Како држава мора да вложуваме во здравјето на целата нација и заштитата на нашите деца. Мудра држава е онаа која бара начини како да привлече инвеститори кои заработуваат милијарди и имаат желба да инвестираат дел од нивните пари во Македонија, пишува во сојата најнова колумна Виктор Грозданов, аналитичар и металуршки инженер. Имаме рударска металична жица која поминува низ територијата на Источна Македонија, со застапеност на бакар како руда со вредност од 20 милијарди евра. Доколку се преработува оваа руда кај нас во нашата држава проценката на искрените и интелектуално-образованите професори е дека вкупната инвестиција и потенцијална заработувачка е 70 милијарди евра, вели Грозданов.
„Дали можете да замислите што значат 70 милијарди евра? И тоа не било каде, туку во Македонија. Зарем не е убавина нашите деца од Струмиченца, се извинувам Пјаченца да се вратат кај своите блиски. Да не спијат по пет луѓе во иста соба во туѓина и единствена забава да им биде во сабота кога можат да воздивнат и да испазарат намирници кои ги имаат и во Македонија. Па замислете мајка и внуците од синот кој е во близина со својот татко, брат, зет итн, пишува Грозданов.
Наместо тоа, ние имаме лажни екологисти кои залутале во своите умствени авантури, а кои немаат никаква врска со реалноста и кои одработуваат младото работоспособно население да остане во туѓина, констатира тој.
„Овие личности кои немаат реализирано детство ама имаат несреќен приод кон младоста ги бркаат струмичани од најмалку две причини: Заради свесно осиромашување на Македонија со измислени панични сценарија по здравјето на граѓаните, животната средина и земјоделието и заради лични привилегии и ќар ползуван од антизападни центри на моќ кој делуваат со политичкобезбедносна агенда во која предизвикување арбитражни постапки со астрономски отштети на товар на државните буџети се составен дел, напиша Грозданов.
Политичкиот и невладиниот сектор не ја разбира суштината на често користениот израз „STOP BRAIN DRAIN“, а токму стопирањето на одливот на мозоци од Македонија е прашање за иднината на татковината, а не нечиј моментален проект за наплаќање хонорари, вели Грозданов
Постојат и личности како Министерката за труд и социјална политика, родум од Струмица, која е убедена дека ќе печали 100 гласови плус за својот СДСМ ако популистички крикне  „Јас рудник не дозволувам да се изгради во Струмичката котлина“. Ова нема врска со еко туку исклучиво во политички активизам, додава Грозданов.
Грозданов вели дека ќе продолжи со борбата за сигурна иднина на сите идни генерации и верува дека е можен пресврт. Верува дека неговата визија можно е да се случи, а тоа е конечно најодговорните политички партии да покажат на дело дека разбрале дека инвестициите во рударството мора да бидат надвор од нивните дневно политички агенди, бидејќи реализирањето на овие инвестиции опфаќаат период подолг од еден четиригодишен мандат.

Back to top button
Close