ЕВРОПСКИ ФРОНТ ЗА КОРУПЦИЈA- ПАРДОН EУ ИНТЕГРАЦИЈА?

Сегашната владина коалиција СДС-ДУИ ги фатила вистннската треска на стаорци. Нив не ги фаќа сонот; дење и ноќе на терен. Од сите владини структури најактивен биле и сеуште останува лидерот на ДУИ- Ахмети.
Досегашниот премиер Ковачевски е оптимист и очекува слава на 8 мај 2024 год. по повод неговото реименување за премиер додека Зечевиќ, Маричиќ седнале на иста маса со оние од Vetëvendosja (Самоопределување) на Курти да разменат мислења за „меѓународната соработка меѓу социајлдемократските партии„.
Сéуште не ми е јасно која беше мисијата на претседателот Пендаровски со неговата посета на Косова.. Злонамерните велат дека можеби покрај државничките работи било разговарано албанската опозицијата да не излезе со свој претседателски кандидат.
Алија ја започна неговата убедувачка мисија најпрво во тв Клан во Тирана, кога се самопрогласи за личност на годината меѓу многу истакнати Албанци од културата и општествениот живот во Албанија, со полно однапред изрежирани прашања на Бледи Февзиу за неговото „патриотска„ детство, неговиот напуштен сон за céалбанско „обединување„ (fake news) затоа што сега се променија условите и Европа не толерира големи држави!
За жал Бледи, Батон, Бужала, Келменди ги видовме и вчера на дипломатската ложа( наспроти нашите новинари кои се сместија на партер!) и возејќи се со службени коли. Бледи сепак вешто успеа да не му одговори на Фуркан со кои пари тие се шетаат низ Северна Македонија фалејќи ги „вековните достигнувања„ на ДУИ Албанците на Алија.
И не само тоа. Батон во славеничка атмосфера од собранискиот балкон му бараше прочка на Алија за неговите многу остри критики упатени кон него оти тој бил во заблуда за неговите интелектуални и политички капацитети.
Дитмир Бушати, поранешен МНР на Еди Рама, напишал една колумна наменета за нас Албанците во Македонија, да се освестиме во која ера „голем економски, политики и културен развој живееме„ а ние не сме знаеле, благодарение на Алија. Всушност колумната беше дел од изјавата на висок функционер од Македонија за еден македонски медиум. Значи плагијат.
Сепак и покрај ова Рама не се меша во внатрешните работи на Македонија. Тоа го прави „тврдоглавиот„ Курти..
А и на најрадосниот ден на ДУИ-Албанците кога го прогласивме првиот од сто дена ДУИ-Албанец за претседател многу новинари од Косово и Албанија кои перманентно се наоѓаат на листата на ДУИ се радуваа и солзи пуштија за ово вековно доживување.
На една многу способна и многу убава новинарка (поранешна пратеничка) на Топ Чанел Грида Дума Али и го отвори срцето и и сé пожали за однесувањето на Албин Курти, „човекот кој сакал да го врати Косово во Србија„ како еднаш Алија се изјасни за Курти.
Курти се меша во внатрешните работи на Северна Македонија! Тоа не добро, вели тој. И безобразно вели дека тоа му дава право на Вучиќ да се меша во внатрешните работи на Косово!!!
Алија или не е информиран или сака Вучич, наспроти ЕУ, да го лансира како демократ кого „европско едуцираниот Рама„ го фали секој ден како „политички цар„ на „Отворен Балкан„ и кого не го послуша „неедуцираниот „(човек кој не се разбира во политика!) косовски премиер Албин Курти.
Се разбира, Вучич не е убеден сеуште дека Косово е независна држава и не е српска колонија.
Остави што Вучиќ мисли така, но и Рама и Ахмети делат исто мислење.
Така на пример Еди Рама, како нарцисоиден политичар, пишува драфт Асоциации на српски општини во Косово, го праќа без знаење на косоварите Курти, Османи и Коњувца во Америка и ЕУ и наспроти тоа Али вели дека тој не се меша во внатрешните работи на Косово!
Хашим Тачи „ќе се грижел„ за правата на Албанците во Македонија?!
Самопрогласениот „неприкосновен лидер„ на Албанците во Македонија Алија изгледа заборавил кој беше тој што во минатото се мешаше во внатрешните работи на Република Македонија (пардон Северна).
На прославата на 100 годишнината во 2012 год.на суверената држава Албанија во Скопје, во салата Борис Трајковски на која прослава имав неблагодарна чест да бидем присутен, прославените инстант браќа на Алија господата Хашим Тачи и Сали Бериша, без присуство на македонскиот „брат„ на Алија Никола Груевски (инаку коалиционен партнер на ДУИ) викаа де викаа и „патриотски„ песни пееја и се испразнаа за правата на нас Албанците во Македонија. Брате Хашим, брате Али, брате Сали си се довикуа едни на други и се гушкаа.
Груби, во улога на полицаец-редар, не ми нуди столче за седење и така на нозе „славеев„ и јас.. Демек. славата била нивна, партиска свадба! Така, од големата гужба на присуство на партиски активисти, „патриотсскиот „ настан го следивме на нозе.
Потоа заврши неславно. Бериша го прогласи Тачи за албански предавник, соработник на еден француски агент! Алија тогаш го немаше сегашник негов брат Еди Рама.
Неколку дена потоа Еди за инает на Бериша како гостин на претседателот на ДПА Мендух Тачи за прославата отвори една изложба во културниот дом во Тетово, на која присуствував и јас.
Сега Рама и Алија станаа браќа.
Рама секогаш го фали Алија дека ги направил Албанците „конститутивен„ народ а и албанскиот јазик „го направил„ службен јазик во Македонија кого службено можеш да го употребуваш дури и дома со семејствто.
После 22 години владеење на Али„патриотот„ од LPK –Kosovo, сега голем број на млади школувани Албанци си шетат по Европа со факултетска диплома да најдат гастарбајтерски работи членовите на семејствата на политичарите од Соравија и М-НАВ и на други економски гиганти се прогласуваат за европски бизнис гении на свои 22 години живот.
Македонско информбиро: со Таче јуниор или Мицко ?
Младите генерации не се должни да учат историја на минатото. За Тито знаат оти ние како постари генерации уживаме кога ги раскажуваме благодетите и сигурноста на граѓаните што ги нудеше тогашната федерација под Тито. За Сталин ретко кој илисамо тие кои учат историја.
Дојде времето, ги информирам нив, кога Тито се скара со Сталин, водач на СССР и целиот комунистички блок.
Тито тогаш го осниваше движењето на неврзаните. Тоа не е важно за истакнување. Важно беше дека тогаш на сите собири на КПЈ( комунистичка партија на Југославија ) и на собирите на Социјалистичкиот сојуз граѓаните да се изјаснат: Кој е со Тито а кој со Сталин? И ако некој во збрка, наместо за Тито ја дигал раката за Сталин веднаш беше депортиран во фамозниот затвор Голи Оток.
Нешто такво доживеавме јас и моите колеги професори од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ„ во Тетово и стотина професори и наставници широм земјата под владателството на Лазар Мојсов, Мелко Антески и Саво Климовски осумдесетите години од минатиот век.
За времето на таканаречената идејна- политичката диференцијација требаше да се изјасниме за одлуките на општинскиот комитет на СКМ кој за бркање на професори и други интелектуалци од работа: кој е против идејно-политичката диференција, а кој е за?
Кој беше против одлуките на О.К на СКМ го бркаа од работа. И тогаш стотина и стотина наставници останаа без работа затоа што не гласаа за одлуките на О.К-СКМ-Тетово.
Замислите со одлука на О.К-СКМ тогаш образовно-културните власти ги запалија сите книги печатени во Албанија меѓу кои и романот на светско прочуениот Исмаил Кадаре „Хроника на камен„ преведен на македонски јазик!
O tempora, o Mores! Какви времиња, какви закони!
Времињата се променија многу.
Сепак од минатото нешто остана во нашата меморија како да се однесуваме за да бидеме поубедливи кај народните маси. Имено, сегашната власт (СДС-ДУИ) ја известила Америка и Аврупа дека опозицијата (ВМРО-ДПМНЕ) е антиевропска и проруска а власта проевропска!
Антиевропска, демек не сака Македонија да влезе во ЕУ. Проруска, демек ја сакаат Русија. И плус ја сакаат и Кина.
Слушајќи го ова професорката Силјановска-Давкова изрази негодување зошто власта покрај придавката „ европски„го употребува името „фронт „ оти тоа асоцира на војна, а таа ги мрзи војните.
Мојот пријател Хајредини погрешно разбрал дека руската војска веќе била во Ќустендил на готовс а ние требало одамна да го активираме „европскиот фронт за корупција„ пардон евроинтеграција , против Русите.
Малку спокој во нашиот повик за европски фронт за корупција-пардон еу интеграција внесе изјавата на генералниот секретар на НАТО Столтенберг (младиот) дека Русија не претставува воена закана за Македонија, иако ризикот не треба да се потцени! Освен ако Русија ризикува да употреби нуклеарно оружје во Балкан поради Српско-косовските недоразбирања, после заканата на Захарова.
Неуспешно сакав да го убедувам еден мој колега амбасадор акредитиран во земјата дека има граѓани кои емотивно ја сакаат Русија бидејќи ја сметаат како чувар на сјавјанството но тоа не е тоа.
И почнав да му објаснувам. Немој да се плашите од ВМРО.
ВМРО-ДПМНЕ во 90-тите години се бореше за независност на Македонија. Значи за Европа! СДС неможеше да се одлепи од Србија. Оттука и вториот референдумски дел: со право да се приклучи кон некој сојуз на држави. Прашајте ги Македонците каде се школуваат нивните деца: во Рим, Париз, Лондон, Берлин,,, или Москва? Колку е економската размена Македонија-ЕУ? Каде бараат азил нашите и балканските граѓани?
А Кина?-ме прашуваше тој.
Кина е корупцијски случај. Нема никаква врска за наша лубав кон Кина, му објаснувам јас. Кинезите надвор одат со кинески ресторани, со China Town. Сте виделе вие такво нешто во Македонија, освен кинески двокатни автобуси и корумпираниот владин проект синохидро на делот Гостивар-Кичево-граница?
А да ви кажам на вас европијаните за China Tawn vo London за 45% кинези во Милан и околината, за кинезите во Белград, што ќе ми одговорите?
Мухамед Халили






