Израелски војник со критики кон Нетанјаху: Луѓето во Газа чии семејства беа убиени во бомбардирањето имаат право да не мразат!
Во едно од ретките интервјуа, израелските војници открија за Си-Ен-Ен со што се занимаваат од почетокот на новиот конфликт со Хамас на 7 октомври. На изненадување на многумина, еден од нив рече дека „не ги обвинува Палестинците дека го мразат Израел“ и дека не се согласува со политиката на десничарскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Според него, тој самиот излегол на демонстрациите против Нетанјаху, кој сега ги носи сите клучни одлуки бидејќи Израел е во воена состојба.
Амос Шани Акмон вели дека не ги обвинува Палестинците во Газа дека го мразат Израел во моментов.
„Тие имаат навистина добри причини. Кога ќе видите градови во пламен и бомбардирање… Имав убиен близок пријател во Газа и мислам на луѓето чии цели семејства беа убиени во бомбардирањето“, рече тој.
…






