Битолчанецот семеен насилник што избега, задржан во полиција


Битолскиот суд утре ќе се произнесе за лицето што доброволно се предаде по втор пат, откако минатиот пати избега преку прозор, тој е задржан на распит, известија вечерва од Јавното обвинителство, откако денеска полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки лицето доброволно да се предаде во СВР Битола.

Против него, на 11.11.2026 година, е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Загрозување при семејно насилство“ по член 144 став 3 и „Телесна повреда при семејно насилство“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Се преземаат понатамошни мерки и активности во координација со надлежното Основно јавно обвинителство Битола.

Back to top button
Close