Карлсон откри каде ќе се емитува интервјуто со Путин: Објавата ја виделе 20 милиони корисници за 3 часа белата куќa итно реагираше

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, ги демантираше наводите на американскиот новинар Такер Карлсон дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се обидела да го спречи да направи интервју со рускиот лидер Владимир Путин.

– Апсолутно не – рече Жан-Пјер на брифингот.

Карлсон претходно во видео порака од Москва рече дека администрацијата на Бајден двапати се обидела да се меша во неговите обиди да го интервјуира Путин. Првиот пат тоа се случи, според Карлсон, пред три години, а вториот пат сега.

Карлсон претходно потврди дека дошол во Москва за да направи интервју со рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека сите ќе можат да го гледаат целосно и бесплатно.

– Нема да наплаќаме на луѓето да го гледаат интервјуто. Секој ќе може да го погледне во целост, снимен, немонтиран, на нашата веб-страница tuckercarlson.com, рече Карлсон во видео пораката.

Карлсон рече и дека го поканил украинскиот претседател Володимир Зеленски да му даде интервју и изрази надеж дека ќе се согласи.

– Ние самите испративме барање за интервју со Зеленски. Се надеваме дека ќе се согласи – изјави новинарот на социјалната мрежа Кс.

Такер Карлсон рече дека неговиот тим сам си го платил патот до Москва и не земал пари од ниту една група или влада.

Најавата на Карлсон за интервју со рускиот претседател имаше повеќе од 20 милиони прегледи на социјалната мрежа Х за три часа

Back to top button
Close