Принцот Вилијам првпат се огласи за состојбата на кралот Чарлс
Тој вчера пристигна на гала вечера за поддршка на лондонската организација „Air Ambulance Charity“, чиј покровител е тој, а одговори и на новинарско прашање за здравјето на Чарлс.

Принцот Вилијам накратко и се заблагодари на јавноста за поддршката, велејќи дека „навистина ги цени сите што се толку љубезни“.
И покрај предизвикувачкиот период, Вилијам изгледаше во добро расположение.
За потсетување, не само што кралот Чарлс доби сериозна дијагноза, туку и неговата сопруга Кејт Мидлтон се опоравува дома по операцијата на абдоменот.
Поголемиот дел од службените обврски и товар на монархијата паднаа на Вилијам, па зад него стојат напорни денови исполнети со деловни обврски
Чарлс го започна лекувањето на почетокот на оваа недела и моментално се одмора во својот дом во Сандрингем, Норфолк. Во Лондон долета и принцот Хари за да го поддржи својот татко и на кратко да се види со него, но се врати во САД.






