Кралот нервозно “цупкал”, Хари упаднал ненајавен … Откриено како поминала средбата меѓу кралот Чарлс и принцот Хари
Средбата меѓу принцот Хари и кралот Чарлс што се случи пред два дена во Кларенс Хаус во Лондон е тема на таблоидите низ светот. Некои велат дека таа е позитивен развој на настаните и дека монархот го обожава својот помлад син, но од друга страна пак 45-минутната средба и брзото враќање на принцот во Америка зборуваат друго.
Има и нови детали од зад сцената кои водат до заклучок дека семејните односи не се ништо како оние од минатото.
Кралот Чарлс и принцот Хари некогаш биле многу блиски. Помладиот син бил веројатно најголемата радост на монархот ако се исклучат проблемите на адолесценцијата и бунтот. Нивната врска беше уште потопла од онаа на кралот со Вилијам. Растојанието меѓу Хари и Чарлс придонесе таквата врска сега да е минато, пишува Daily Mail.
Имало индиции дека Чарлс III бил трогнат од ненадејната посета на Хари, кој непоканет пристигнал во Лондон. Но, постојат и приказни дека неговото доаѓање предизвикало одредена вознемиреност. „Искрено, кралот не беше задоволен од она што му го сервира емотивниот , но добронамерен син“, пишува Дејли Мејл.
Изворите велат дека кралот нервозно „цупкал“ додека го чекал синот да се врати во мирниот Сандригам. За многумина е изненадувачки што Хари не престојувал во Кларенс Хаус во Лондон или во која било друга кралска резиденција. Одлуката да дојде во Британија ја донел ненадејно, а ноќта ја поминал во хотел во центарот на главниот град.
Само тие двајцата знаат за што разговарале, но 45-минутната средба, како што пренесува Мирор, едвај е доволна за друга тема освен најнеопходната – здравјето на монархот.
Оваа импровизирана посета служеше како тажен потсетник за јазот во семејството, товар што Чарлс не може да си го дозволи сега. Тука е и прашањето на довербата или недостатокот од истата.