„Душко бараше да се убијам“ Карлеуша ја поддржа петицијата за неовластено споделување на интимни снимки
Поп дивата Јелена Карлеуша ја поддржа петицијата за неовластено споделување на интимни снимки да биде кривично дело. Во врска со тоа, таа откри како се чувствувала кога биле објавени нејзините фотографии и видеа.
Работата да биде уште полоша, како што изјавила ЈК, кога се случило сето тоа, нејзиниот се уште легален сопруг Душко Тошиќ во тоа време побарал од неа една наводно морничава работа за која пејачката сега првпат јавно проговори:
Како јавна личност, сопруга и мајка, бев жртва на брутална одмаздничка порнографија. Тогаш еден човек кукавички и мизерно се обиде да ми го одземе животот, честа, семејството, гордоста, иднината, искористувајќи момент од моето невнимание, сликајќи го екранот на телефонот за време на видео повик без мое знаење, а потоа уценувајќи ме со тие слики – почна ЈК па продолжи:
– По уцената дојдоа заканите, кои тој ги исполни со тоа што прво ги испрати тие скиншотови до моите непријатели, а потоа и до сите медиуми. Дека злото што ме снајде не дојде само затоа што мајка ми умре набрзо потоа, а медиумскиот линч и моите голи слики беа последните работи што ги виде. Морав да ги извадам децата од училиште, мојот сопруг ме следеше низ куќата и бараше да се самоубијам. Искрено, во еден момент сериозно размислував за тоа. Мојот живот и моето се беше уништено и тоа само затоа што еден бедник реши да сe свети – изјави таа и на крајот заклучи:
– Најдов сила, се собрав и му реков на сопругот и на медиумите и на целата јавност да се носат и пи**у материну! Најдов сила да го спасам животот и да кревам глава главно поради моите деца. Да имаше ЈАСЕН ЗАКОН, да отиде клошарот и бедата во затвор како пример за сите, немаше да биде уништен мојот живот и животот на многу луѓе (главно жени). Заради сето ова, поради правдата, поради сите жртви на зли и развратни луѓе, ЈА ПОДДРЖУВАМ ОВАА ПЕТИЦИЈА И ВЕ ПОКАНУВАМ ДА МИ ПРИДРУЖИТЕ. Не се убив, многу луѓе се свртеа кон себе, а утре новата жртва може да бидеш ТИ! Да им застанеме на патот на нелуѓето и да ја повикаме државата да биде со сите нас – стои во објавата на Јелена на нејзиниот официјален Инстаграм профил.