ДОЈДЕ УТРЕ

Штета што американскиот висок дипломат Габриел Ескобар, задолжен за Западниот Балкан, овојпат не дојде во Скопје. Беше во Приштина, Подгорица и Виена, ама тука не сакал да се меша во изборите.

А баш ќе беше фино да дојде. Не да ни каже по стоти пат дека „Вашингтион очекува Влада посветена на членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ“. Тоа го знаеме. ЕУ е веќе затворено прашање – сите сакаме во ЕУ и нема што веќе да дискутираме на таа тема.

Туку , кога веќе бил кај Албин Курти во Косово и многу се разочарал, може не ќе беше лошо да тркнеше и до Скопје, па да ги праша Бујар Османи и Арбен Таравари во која држава тие се кандидираат за претседател? Па да го повозеа малку и до Охрид, со сите ризици и стресови што ќе ги доживее по пат, да праша како тука се почитува Законот за знамињата?

Тоа се сосема легитимни прашања за пријатели што се фалат дека се миленичиња на Калето и се сликаат со американски знамиња. Ама, тој да ги праша. Не ние. Оти ние ако ги прашаме, ќе ни речат дека сме албанофоби. Затоа, еве ние не прашуваме. Тој нека си ги праша.

Целата колумна на Горан Михајловски на  сдк.мк

 

Back to top button
Close