ГАЛЕРИЈА: Ѕидот на куклите во Милано

Ѕидот на куклите во Милано е уметничка инсталација која остава впечаток на сите што поминуваат по една од централните сообраќајници во Милано. Сместен во близина на базиликата Сан Лоренцо, ѕидот е многу потресна изјава која го осудува фемицидот и насилството врз жените.

На ѕидот со сива позадина покриена со мрежа, висат кукли од различни видови. Поставени се и исушени цвеќиња, фотографии, постери и песни, некои од нив детално ја прикажуваат статистиката за злосторствата врз жените, а има и моќни изјави напишани од жртвите на насилство за креативно да се спротивстават на нивните насилници.

Моќта на инсталацијата уште повеќе доаѓа до израз, бидејќи некои од изложените кукли висат надвор на отворено со години. Сликите на висечките играчки, симболи на детската невиност, покрај имињата на жените жртви на фемицид имаат активистичка порака и иако поставен во 2014, десет години подоцна инсталацијата уште обрнува внимание на прашања кои, за жал, сè уште се актуелни. Граѓаните можат слободно да прикачат повеќе работи на ѕидот, а постојано се додаваат нови кукли и уметнички дела.

Инсталацијата е идеја на кантавторот Џо Скуило (Jo Squillo) и постои од миланската недела на машка мода во 2014 година. Секоја година во текот на машката модна недел, Скуило и група волонтери ја собираат јавноста околу ѕидот со цел да ја подигнат свеста за сите видови на родово базирано насилство.

Остатокот од годината остануваат куклите, тажна, тивка изјава за протест и комеморација.

Марта Стевковска

Фото: Надежда Шодан

Back to top button
Close