Бред Пит ја нарече Анџелина Џоли лицемерка и лажга

Холивудскиот актер Бред Пит ја нарече Анџелина Џоли лицемерка и ја обвини дека лаже, пренесува Дејли меил.

Бред Пит рече дека актерката постојано користи договори за необјавување кога работи со нејзиниот тим.

„Истото важи и за секој договор за неоткривање меѓу Џоли и која било трета страна со која е во врска или која помогнала да се грижи за децата на двојката“, изјави инсајдер за Дејли меил.

Еден ден претходно, адвокатите на актерката Анџелина Џоли навестија дека актерот Бред Пит бил физички насилен кон Џоли уште долго време пред да раскинат во 2016 година. Адвокатскиот тим на актерката рече дека Пит одбил да и дозволи на Џоли да продаде удел во нивната заедничка винарија Шато Миравал Френч, освен ако таа не потпише строг договор за необјавување (во јавност).

60-годишниот Пит, според бранителите на Џоли, ѝ предложил на неговата сега 48-годишна екссопруга да сокрие информации од јавност за неговото „несоодветно однесување“.

Back to top button
Close