Кај струшко Калишта се судрија „мерцедес“ и мотоцикл, тешко повредена е сопатничка на мотоциклот


МВР информира дека вчера попладне во 15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат Р-1208, во близина на с. Калишта, Струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(42) и мотоцикл со струшки регистарски ознаки управуван од Р.Н.(28), двајцата од Струга.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.П.(27) од Струга, сопатничка на мотоциклот, додека мотциклистот се здобил со телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид.

Back to top button
Close