Компанија што 16 години работи тука Мицкоски ја презентира како нова инвестиција

Компанијата „Вабтек МЗТ“ работи во Македонија уште од 2008. Мицкоски од САД објави дека американската компанија „Вабтек“ е новата странска инвестиција, која ќе вложи 35 милиони евра во земјава и со која ќе се отворат 100 работни места.

Американската компанија за сопирачки работи е дел од македонската економија веќе 16 години а дел од американската комора Ам-Чам уште од 2010 година и цело време произведува сопирачки за шински возила. Инаку компанијата има моментално финансиски предизвици и не може да ги сервисира кредитите. Фирмата во Македонија е позната како „Вабтек МЗТ“ и се наоѓа во погоните на поранешниот Металски завод „Тито“ во Скопје.

Во март 2022 година компанијата „Вабтек МЗТ“, која е дел од американската корпорација „Вабтек“ соопштила дека ја зголемила својата нето загуба на 300,9 милиони денари во 2021 година, многу повеќе од загубата од 23,3 милиони денари забележани претходната година.

Инаку компанијата преку соопштение објави дека ќе го зголемува акционерскиот капитал да ги надмине финансиските предизвици кои произлегуваат од отплатата на долговите за кредити и да обезбеди понатамошен раст и развој.

Back to top button
Close