Загина 50 год.маж во скопската населба 11 Октомври, во него удрил воз

На излез од населбата 11 Октомври кај надвозник загинал маж на возраст околу педесет години откако во него удри возот кој се сообраќал на релација Скопје – Битола, информира државната МИА.

Лицето веднаш починало на самото место на несреќата.

Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје, а на терен полицијата ги истражувала причините за како дошло до оваа трагедија.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера во 20:20 часот, a полициска увидна екипа извршила увид на местото на несреќата. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Back to top button
Close