Вулин: Големите сили ја фалат Македонија кога ги повредува Србите, но кога шумите ќе почнат да горат – Србија е прва на помош
„Како министер за полиција, секоја година испраќав луѓе и опрема да ѝ помогнат на Македонија да ги изгасне пожарите. Така е и денес, српските хеликоптери и пожарникари се борат со огнот за да ги спасат луѓето и имотот на Македонија“, истакна српскиот вицепремиер и поранешен министер за полиција, Александар Вулин.
„Драги наши соседи, следниот пат кога ќе ве повика некој амбасадор и ќе ве замоли да гласате за нешто што длабоко ја навредува Србија, како лага за геноцидот во Сребреница, сетете се кој беше таму кога гореше. Големите сили ве фалат кога ги слушате и ги повредувате Србите и Србија, но кога шумите ќе почнат да горат – Србија е прва на помош“, изјави Вулин пренесуваат српските медиуми.
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска ги испрати припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации кои со хеликоптерот Камов К-32 заминаа во Македонија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари и им посака успешна работа.
Дачиќ изјави дека помошта за соседната земја е испратена врз основа на барањето на млакедонската Влада за давање помош во гаснењето на шумскиот пожар.