Во Иран затворени центри поврзани со Германија

Во Иран затворени се два огранока на организации поврзани со Германија поради „незаконски активности и финансиска измама. Еден од затворените центри е Институтот за германски јазик во Техеран.

Според иранските медиуми забележани се прекршувања и од други центри поврзани со Германија, кои во моментов се под истрага

Одлуката за затворање е донесена по забраната на исламскиот центар Хамбург во Германија. Минатиот месец Германија го забрани Хамбуршкиот исламски центар и неговите поврзани организации поради „радикални исламистички цели“.

Германското Министерство за внатрешни работи тогаш соопшти дека центарот дејствувал како директен претставник на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и имал за цел да предизвика исламска револуција во Германија. По затворањето на исламскиот центар во Хамбург, германскиот амбасадор во Техеран беше повикан во иранското Министерство за надворешни работи.

Back to top button
Close