Тинејџерка во Јапонија скокна од 12-кат, падна врз жена и ја уби

Две лица загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка скокнала од трговски центар и паднала врз пешак.

Тинејџерка (17) скокнала од зграда во преполн шопинг кварт, удирајќи врз 32-годишна жена која била излезена со пријателите во саботата вечерта.

Двете веднаш биле пренесени во болница, а на тинејџерката ѝ е констатирана смрт еден час подоцна. Набргу потоа починала и жената (32).

Back to top button
Close