ЕК: Нафтените проблеми и санкциите на Украина немаат влијание на ЕУ
Европската комисија сè уште не го разгледува влијанието на проблемите врз ЕУ, настанати со екстракција на нафта во Либија и со санкциите на Украина, изјави портпаролот на ЕК на прес-конференција како одговор на прашањата што му беа поставени.
Немаме забележано намалување на количините на нафта што испорачува „Лукоил“ кон Унгарија по воведувањето санкции (од Киев), објасни тој. Според него, Будимпешта и Братислава сè уште немаат одговорено на сите прашања на Комисијата поврзани со барањето на двата главни града европските институции да посредуваат за укинување на украинските санкции за испораките по нафтоводот „Дружба“, пишува „24Часа.бг“.
Мора да имаме заедничко разбирање за проблемот со цел да се бараат можни решенија, додаде портпаролот, пренесува БТА. Нема непосредно влијание врз ЕУ од производствените тешкотии со нафтата во Либија, рече портпаролот. Тој појасни дека комисијата е во контакт со земјите од ЕУ за ова прашање.