Мајката на Вања бара исклучување на јавноста од цела судска расправа

Зорица Ѓорчевска, мајка на убиеното девојче Вања Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднела барање до обвинителството јавноста да биде исклучена од цела јавна расправа за судењето за убиството на девојчето и велешанецот Панче Жежовски, пренесе Фокус.

Обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска барањето го поднесе до судот.

Причините кои ги навела мајката се заштита на приватниот живот и траумите кои ги доживеала таа и нејзината помала ќерка од медиумското известување.

Фото: Скопје1

Back to top button
Close