Трамп ја исклучи можноста повторно да се кандидира доколку ги загуби претседателските избори во ноември

Доналд Трамп во интервју емитувано денеска ја отфрли можноста да се кандидира на претседателските избори во САД во 2028 година во случај на пораз на изборите во ноември.

-Не, не се гледам себеси во тоа, не се гледам себеси. Мислам дека ова ќе биде тоа, рече републиканскиот кандидат (78) во емисијата „Full Measure“.

Сепак, поранешниот претседател изјави дека верува во успех на 5 ноември, кога ќе му се спротивстави демократката Камала Харис.

Откако претседателот Џо Бајден се повлече од претседателската трка, исходот од претседателските избори е понеопределен од кога било.

Доналд Трамп, кој никогаш не го призна поразот од Џо Бајден во 2020 година, неколку пати во последните месеци одби да се обврзе безусловно да ги признае резултатите од ноемвриските избори.

Back to top button
Close