Ја прочитав колумната на господинот Биљали- Гола Држава. Импресивно.
Прочитана повеќе од 10.000 читатели. За 2-3 дена. Повеќе читатели од членови на повеќе парламетарни партии. Нормално, не се согласувам со многу ставови, но вреди да се прочита.Како Јува За Отрезнување. Мислам, дека текстот е премногу мек и особено емотивен, без AI полирање, што го прави несовршен.
Поглед
Не гледајте назад овие 34 години. Читајте ги редовно Дневните Инфо во огромна количина и ќе разберете дека Голата Држава веќе се соочува со “неприципиелна коалиција” од некои наши соседи, предизвикана од нас, како Very Tiny Mini држава. Им дојдовме како кец на десетка. Во такви услови, нашата Гола Држава, градена на голо цели 34 години, во иднина може да биде само Blank, без држава. Мислам дека никогаш оваа Tiny Mini држава во моментот не била во потешка ситуација. Тогаш, нити патронажната сестра(или во иднина брат) од Калето, со сите нивни локални хостеси и хостеци,како инфлуенсери на Фалцбоок, ниту пак растурениот Брисел ќе ни помогне.
Пристап
They have very practical approach.Во даден момент ќе ви речат, Sorry, we’ve tried everything. But you’re not listening. Good for you and for your safety, you will be under NATO Umbrella with immediate membership to EU( one part). That is our Grant, together with Brussels. Take it, or, you have no right to leave it! Знаете, компромисното решение е најбрзо и најлесно на туѓ грб.
Излез?
Јас пишував за Medium колумни. За Преспа Договорот 3 колумни. Во текот на преговорите меѓу Коцијас и Димитров, упорно во колумните упатував на решението Република Северна Македонија. Затоа што тоа беше нај бенигно решение. Бегајќи од идни неприципиелни соседски коалиции.
Лично мислам дека ние од букурештанскиот договор не сме имале таков (ако воопшто некој не прашал) Golden Agreement. Среќа, што Сириза имаше моќ да ја согледа Големата Слика на Балканот. Мислам, ако Нова Демократија беше на власт, никогаш немаше да биде потпишан договорот. Упорно ќе инсистираа на Република Вардарска Македонија. Познатата оска на Српскиот свет и Грција. Председателот на Србија, како совршен клон на Милошевиќ, упорно и ден денес го форсира тоа преку фамозниот изум Отворен Балкан, кој објективно се однесува само на Северна Македонија.
Излез 2
Со Преспанскиот Договор, двете страни сме упатени едни на други. Ние си требаме едни на други. Без разлика на огромната разликата во економската и политичката моќ на двете држави. Ние имаме заеднички балкански проблеми. Ние всушност и немаме можност за излез, освен Договорот од Преспа. Особено како излез од неприципиелните соседски коалиции.
Обновено
Немав намера да го објавам овој текст напишан пред неколку дена. Но ме затече денешната објава од Брисел. Shame on you Brussels!
Exit? Седата коса мора да делува ладнокрвно на моето мислење. Мислам дека нема exit, освен прифаќање на пред- условот за Почеток ( замислете!) на преговори со промена на Уставот. Секогаш во следните неколку години на преговори може да се каже Freeze! . Shame on you Brussels again!
————
Употребувам AI for creative writing, ама овој текст не е полиран.
Руди Лазаревски