Радев за одвојувањето на Скопје и Тирана од патот кон ЕУ: Логична последица на политиките на С Македонија
Бугарскиот претседател Румен Радев ја дефинира како „логична последица“ одлуката на Европската Унија за одделување на Албанија и С Македонија од патот кон ЕУ, со оглед на, како што вели, „она што се случува во Скопје и Тирана и на политиката на Владата на Северна Македонија и патот кој таа го избра“, јавува БНР.
Според Радев, како што пренесува БНР, власта во Скопје оди во спротивна насока на евроинтеграциите.
Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, со кој тој повторно повика на одложено дејство на уставните измени, односно нивна примена по завршување на преговорите, Радев вели:
„Преговарачката рамка од 2022 година многу јасно кажува дека кога С Македонија ќе ги запише Бугарите во Уставот, дури тогаш ќе почнат преговорите за пристапување.“
Говорејќи пред новинарите во Њујорк, каде што учествува на годинашната сесија на Генералното собрание на ОН, бугарскиот претседател го прокоментира и денешното усвојување на декларацијата во бугарското Национално собрание Софија која се однесува на изјавите на македонските политичари.
„Сакам да им честитам на Комисијата за надворешна политика и на бугарскиот парламент за декларацијата што беше усвоена денеска. Вака Бугарија треба да се однесува по ова прашање. Во никој случај не треба да се спуштаме на нивото на кое се развија настаните и коментарите кај нашиот југозападен сосед. Ги повикувам сите бугарски политичари на воздржаност на политиката на Владата на РСМ и патот што го избраа“,додаде претседателот на Бугарија.