Мистерија во Зајас, никој не знае чија е спортската сала – нема клуч, ни документи, 14 години никој не стапнал во неа!

Оваа спортска сала е изградена во 2009/2010 година во дворот на основното училиште во село Зајас, Кичево. Најчудно е што никој не знае чиј е овој објект. Салата не поседува ниту еден документ, затоа и 14 години од нејзината изградба никој не стапнал таму и е неупотреблива.

Диркеторот на училиштето Насер Исмаили, дури вели дека тие го немат ниту клучот.

-Вие го немате ниту клучот на салата?

Директорот Исмаили вели дека овие години додека е директор тропнал на сите врати за прашањето на спротската сала, но не добил одговор.

„Тогаш што се однесува до спротската сала, вистина е дека не се користи и нема врата во која управата на училиштето не тропнала во врска со спортската сала. Во Општина, во МОН, Агенцијата за млади и спорт и се уште немаме одговор и чекаме некаков одговор дека ќе можеме да почнеме со употреба на спортската сала бидејќи за многу малку работа стои затворена од 2009/2010 година“, вели Насер Исмаили.

ТВ21 побара одговори од овие институции. Од општина Кичево првин ни рекоа дека немаат документи за салата, бидејќи инвестицијата била од централната власт. Се обративме до Министерството за спорт, од каде ни рекоа дека никогаш не изградиле сала во Зајас.

„Агенцијата тогаш изгради сала во Кичево, но не и во Зајас. Во Зајас го изградивме стадионот на Зајас. Значи објектот што го изградивме ние не е во Зајас“, вели Министерството за спорт.

По овој одговор се упативме во Министерството за локална самоуправа, бидејќи добивме информација дека таму се наоѓаат документите, но и од таму ни рекоа дека тие не ја изградиле оваа спортска сала.

„Врз основа на податоците во објавените Одлуки на Владата за финансирање на проекти од буџетската Програма за рамномерен регионален развој во 2011 година, не е финансиран проект за изградба на спортска сала во село Зајас“, вели Министерството за локална управа.

ТВ21 чека одговор и од МОН, а ќе продолжи да бара и од другите институции за да дознаеме како е изградена салата, кој ја изградил, зошто нема никакви документи и зошто 14 години не е пуштена во употреба.

Back to top button
Close