Најмaлку 6 повредени во пожар во скопски Чаир

Најмалку 6 лица се повредени во пожар кој утрово избувнал во скопски Чаир, дознава Press24 од свои извори.

Според информациите 6 лица на скопските клиники побарале помош поради вдишување на чад.

Неофицијално, пожарот избувнал на улицата Серава во скопски Чаир но не се соопштуваат повеќе детали.

Информацијата дека има пожар но без детали за повредените ја потврдија и во МВР од каде за кратко најавуваат повеќе детали.

 

Back to top button
Close