Министрите етнички Албанци не дојдоа на пречекот на српскиот Премиер во Скопје
Ниту еден министер етнички Албанец денеска не дојде на пречекот на српскиот премиер Милош Вучевиќ.
По официјалниот пречек со највисоки државни и воени почести пред Владата, српскиот Премиер како што налага протоколот се поздравуваше со останатите министри од нашата Влада.
Меѓу нив беа вицепремиерите Николоски и Стоиљковиќ, шефот на дипломатијата Муцунски, министерката за енергетика Божиновска.
Вицпермиерот Меџити не се појави на пречекот.
До овој момент нема официјален став од Вреди дали се решиле да го бојкотираат српскиот премиер. (Press24)