И водата во општина Василево не е безбедна за пиење

И жителите на oпштина Василево, кои водата за пиење ја снабдуваат од браната „Турија“, нема да можат да ја користат водата од градскиот водовод.

Комуналното претпријатие „Турија“- Василево синоќа ги информираше жителите од населените места Василево, Градашорци, Ангелци, Едрениково, Добрашинци, Нова Маала и Чанаклија дека по направените микробиолошки анализи, водата не е за употреба.

„Општина Василево побара дополнителни анализи на водата за пиење во наредните денови и од Центарот за јавно здравје и паралелна анализа од акредитирани лабаратории. Екипите се на терен и работат на надминување на состојбата и решавање на проблемот за што граѓаните ќе бидат дополнително информирани“ – информираат од Општината на својата официјална Фејсбук-страница.

Оттаму додаваат оти подолг период се преземаат мерки за обезбедување пивка вода за населението.

Посочуваат оти на располагање се обезбедени диспанзери, шишиња вода во училиштата и градинката, како и канистри со вода за пиење на населението

Back to top button
Close