Тачи: ВМРО-ДПМНЕ ми понудија да бидам председател на парламентот. Одвојувањето од Албанија е најсилниот удар врз владата на Мицкоски

Лидерот на ДПА и пратеник Мендух Тачи синоќа во телевизиско гостување изјави дека тој бил главен преговарач во разговорите меѓу Европскиот фронт со ВМРО-ДПМНЕ за евентуална коалициска Влада.

„Јас бев главен преговарач на Фронтот кога отидовме на разговори со ВМРО за оваа влада. Беа децидни дека не соработуваат со нас затоа што сакаат да ја унапредат својата антиалбанска политика, а тема на средбата беа уставните измени и евроинтеграциите. ВМРО ми понуди да станам претседател на парламентот. Тогаш на последната средба ми рекоа, можеш ли да се согласиш претседателот на парламентот да биде Македонец? Ја кажаа приказната и средбата заврши“, рекол Тачи во гостување на „Клан Македонија“.

Според него, актуелната Влада добила силен удар со фактот дека ЕУ планира да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон интеграција во ЕУ.

„Оваа влада имаше негативен однос кон евроинтеграцискиот процес, па постапките на претходната влада со потпишување мировни договори и проевропски настроени ги поттикнаа Македонците да гласаат за поранешниот националистички менталитет. Тие се покажаа против Договорот од Преспа, против други мировни договори, но сега видовме дека за оваа влада, одвојувањето на Албанија од Македонија на патот кон ЕУ е најсилниот удар“, изјавил меѓу другото Тачи

Back to top button
Close