(ВИДЕО) На Карлеуша и е доста од тужби и рочишта, па и се извини на Лепа Лукиќ и порача дека само се шегувала: „Лепо, само уште со тебе не сум била на суд“ 

Јелена Карлеуша најчесто нема влакна на јазикот, притоа е духовита но понекогаш претерува.

Така, при гостувањето во поткаст кај Бака Брасе, непосредно пред да дојде во Скопје, Јелена изјавата која ја даде за Лепа Лукиќ видно ја изиритира постарата колешка која не се воздржа да и каже на Јелена дека претерала.

Карлеуша пак, откако увиде дека изјавата не и е на место, во поткастот кај Лазаров, кажа дека згрешила и дека и се извинува на Лепа.

„Лепа, те молам, само се зезав. Те сакам, те обожавам. Уште со тебе да одам на суд, само со тебе од пејачките не сум била на суд. Се шегував – истакна ЈК во поткастот на македонскиот јутјубер Стефан Лазаров, па додаде:

„Таа се налути. Лепа, јас само кажав дека си го видела Бака Прасе и дека си слушнала сешто за него. Мислам дека нема појма што сум рекла, туку дека новинарите пренеле глупости – зборува Јелена па поентира:

„Ако погледне, ќе сфати за што се работи. Лепа, те обожавам, голем поздрав за тебе.

Потсетуваме, прочуената пстара колешка на Карлеуша не штедеше зборови за Јелена.

„Како можете да ме бламирате со такви гадости? Како можете да ме барате порати гадоста на Јелена Карлеуша? Дај боже кариерата да ѝ трае како мојата и да се посвети на песната, а не на вакви работи. Не сакам ни да ги знам деталите на тоа што го рече ниту да дозволам тоа да ме отруе. Оставете ме да умрам на мир, и достоинствено, без да ме вознемирувате со такви лаги. Со што заслужувам да ми се закачи секоја будала во овие години. Трпев и молчев за секакви афери додека бев млада, ама сега е навистина доста“ – рече Лепа Лукиќ за српски Ало.

Back to top button
Close