Андреј Ковачев бара бугарските власти да ја заштитат министерката Божиновска – изложена е на јавен линч оти е Бугарка

Министерката за енергетика на Северна Македонија Сања Божиновска изминатиот период е изложена на тежок јавен линч, бидејќи е Бугарка. Ова на неговиот фејсбук-профил го напиша бугарскиот европратеник од редовите на партијата ГЕРБ, повикувајќи ги бугарските власти и институции да ги заштитат правата и честа на министерката Божиновска, на нејзниното семејство, но и на сите граѓани на РСМ што го признале своето бугарско потекло и се изјасните како Бугари.

„Божиновска и нејзиното семејство, заедно со уште 150 илјади граѓани на РСМ се стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско етничко потекло и изјавиле дека се чувствуваат како Бугари. Покрај неа, има и десетици други поранешни и актуелни премиери, министри и заменици што самите или заедно со семејствата се во иста ситуација на најголемиот прекршок – да се Бугари“вели Ковачев.

Според него, очигледно е дека за да ги задржат функциите тие се приморани да ја кријат својата бугарска самосвест и потекло, а често таквите дури и ја клеветат Бугарија, само да не бидат осомничени дека се Бугари.

„Без да ги оправдам, донекаде и ги разбирам. Тие се обидуваат да преживеат по секоја цена. Иако се формално на високи позиции, тие како и други десетици илјади Бугари таму се жртви на антибугарска пропаганда и омраза, останати од времето на комунизмот и Титова Југославија, кои денес станаа главна државна идеологија и политика“,пишува бугарскиот европратеник.

Ги повика пратениците на идното Народно Собрание на Република Бугарија што поскоро да ги усвојат неопходните измени на Законот за бугарско државјанство, со што ќе се направи регистер на имиња на сите оние што се стекнале со бугарско државјанство, но и да се олесни стекнувањето на државјанството на оние наши сонародници што отворено го декларираат своето бугарско потекло и бугарскиот етнички идентитет.

Така, според него, тие повеќе нема да имаат од што да се кријат, а на оние што ја клеветат Бугарија, ќе им се види вистинското лице.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close