Обвинетиот Кешишов го однел началникот на местото каде е закопана Вања. Се плашел да не дознае Палчо оти ќе го убиел
Началник од МВР, на денешното судење за убиството на Вања и Панче, во детали објасни како обвинетиот Влатко Кешишов го однел до местото каде што е закопано телото на малата Вања, пренесе Фокус.
Се почнало кога Влатко Кешишов бил упасен, но поради сомнежи за исчезнувањето на Панче Жежовски. Па тоа што следувало било шок.
-Влатко Кешишов, кажа ќе ме однесе некаде за да ми покаже нешто. Бараше да одиме сами, се плашеше од останатите. Велеше, ако дознае Палчо ќе ме убие. По кратко убедување, се согласи и рече одиме. Не однесе до запаленото возило, до цитроенот. Ние веќе знаевме за возилото. Таму разговаравме. Сакаше да каже нешто, па не сакаше, се премислуваше. Па рече, ајде ќе ве однесам. Возевме по негови насоки и рече излезете. Широк огромен простор, кој служи како депонија. Пак сакаше да каже нешто, па велеше не можам, не можам. Тргна кон возилото, па се врати и рече ајде. Каде одиме, го прашав. Ми посочи со главата, имаше перници, душеци. Не покажуваше со рака, со глава. Рече: „Таму, кај перниците“. Потоа продолжи: ,,Ама јас стоев 20-30 метра од нив”.
Почнавме да копаме. Го замоливме да посочи каде точно. Посочи едно место. Рече: „Тука ја фрлија“.
Тогаш ме фати за рака и рече: „Мислам тука е маленкото”.
…