Исечен бил кабелот од камерата која снимала кон зградата каде што беше киднапирана Вања

Камерата која можела да ги даде сите одговори за киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а која снимала спроти влезот на зградата во која живееле, во кобниот момент не работела бидејќи кабелот и бил пресечен. Ова го појасни началник од МВР кој денеска сведочи на судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Тој појасни дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и неговиот пријател Гоце, на инспекторите од МВР им посочиле објект, на кој има камера, а кој е спроти влезот на зградата во која живеела Вања. Кога отишле да ја побараат снимката забележале дека кабелот е исечен. Ги земале снимките, но поради тоа што бил исечен кабелот немало ниту снимка.

Back to top button
Close