Приведено лице кое насилно одзело пари од казино во Гази Баба

Полицијата рано изутрината го привела Б.Д. (29) од Арачиново, кој околу 5:30 часот со употреба на сила одзел пари од каса од вработен во казино во скопска Гази Баба.

– На 24.10.2024 во 05.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Д.(29) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека денеска околу 05.30 часот во казино во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, со употреба на сила над вработениот, одзел пари од касата. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close