Илјадници германски работници стапија во штрајк барајќи зголемување на платите за седум отсто
Илјадници германски работници вработени во електротехничката и металуршката индустрија денеска почнаа низа штрајкови ширум земјата, барајќи зголемување на платите за седум отсто.
Штрајковите ги погодија Порше, Мерцедес и БМВ, додека Фолксваген се соочува со можност за затворање на три фабрики во Германија, како и можност за масовни отпуштања и намалување на платите за 10 отсто за работниците кои ќе ги задржат своите работни места.
Штрајковите ги организираше синдикатот ИГ Метал