Захарова: Во САД приведени и испрашувани руски новинари
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека во САД се приведени и испитувани руски новинари, кои требало да известуваат за претстојните претседателски избори.
Таа додаде дека визата на снимателот на весникот „Известија“ е поништена поради административни причини.
– Тие таму не отпатува инкогнито, отидоа врз основа на издадени документи. Тие ја наведоа целта на патувањето – да работат како новинари, да ги следат изборите. Ги поминаа сите процедури. Добиле визи, дозволи, го зеле целиот пакет документи и се упатиле кон САД. На аеродром се приведени и испрашувани. Сослушувањето траело неколку часа, а потоа на снимателот не му беше дозволено да ја премине границата и му беше укината влезната виза. Како причина беа наведени административни причини. Не е јасно што значи ова, наведе Захарова.
Таа истакна дека американската администрација не ги информирала руските дипломати и Амбасадата на Русија во Вашингтон за приведувањето на државјани на Руската Федерација.