Штипјанец ја убил партнерката, па сам се пријавил во полиција
Штипјанец ја убил партнерката и сам се пријавил во полиција.
Според првичните информации, синоќа околу 20.15 часот во полициската станица во Штип дошол Ф.З.(25) и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П .
Тој ја убил 29-годишната жена во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.
Полицијата информира дека кажал дека телото се наоѓа во објект во Штип.
Полициски службеници го нашле телото на жената. Извршен е увид на местото на настанот, во присуство на дежурен јавен обвинител.
Телото на починатата жена е предадено на обдукција. Засега нема детали за мотивот.
Повеќе информации се очекуваат денеска.