Фирмата „Јулија КО“ од Пловдив нема никакви деловни активности од 2017 г. – откриваат документи од бугарскиот трговски регистар

Компанијата „Јулија КО“ од Пловдив, Бугарија, каде што директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, тврди дека полагал и се стекнал со ТОЕФЛ-сертификат во 2022 година, нема пријавено приходи до бугарскиот трговскиот регистар по 2016 година. Тоа го покажуваат записите на официјалната интернет-страница на бугарскиот трговски регистар, пренесува 360 Степени.

Што значи тоа?

На средината на 2020 година Јулија Иванова Тодорова поднела Изјава (Декларација) дека фирмата не и остварила приходи во текот на 2019 година. Исти изјави (декларации) се поднесени и за претходните две години.

По оваа декларација од 2020 година, „Јулија КО“ нема поднесено ниту годишна сметка во која ќе прикаже приходи ниту, пак, изјава (декларација) дека нема приходи. Според измените во бугарскиот Закон за сметководство, кои стапиле во сила на 1 јануари 2020 година, ако некоја компанија има поднесено изјава (декларација) дека нема приходи од 2020 година па наваму, а во следниот период нема остварено приходи, нема потреба секоја година да поднесува нова изјава (декларација) дека нема деловна активност.

повеќе

Back to top button
Close