САД/Избори: Проекција на Си-Ен-Ен: Харис победува во Вашингтон
Потпретседателката на САД Камала Харис ќе победи во државата Вашингтон, проектира Си-Ен-Ен.
Во Вашингтон во прашање се 12 изборни гласа. Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
На изборите во 2020 година во оваа држава победи актуелниот американски претседател Џо Бајден.
Според досегашните проекции, републиканецот Трамп има 227 електорски гласови, а кандидатката на Демократите Камала Харис има 165