Трамп ја освои и Пенсилванија на патот кон втор мандат како претседател на САД
Трамп, според последните проекции на Си-ен-ен, има освоено 266 електроски гласа, а Харис 188 електорски гласа од 270 потребни за победа. Според Фокс њуз, пак, Трамп веќе може да се прогласи за ново-стар претседател на САД
Поранешниот претседател Доналд Трамп победи и во Пенсилванија, една од клучните држави важни за овие избори, со што го трасираше патот да стане ново-стар претседател на САД, објави Си-ен-ен.
Според Си-ен-ен, од 95 отсто од преброените гласови во оваа држава, Трамп води со 50,9 отсто, а неговата противкандидатка Камала Харис има 48 отсто од гласовите. Според Фокс њуз, Трамп веќе може да се прогласи за ново-стар претседател на САД
Во Пенсивалнија станува збор за 19 електроски гласови, а потребни се најмалку 270 за победа на претседателските избори во 2024 година.
Трамп, според последните проекции на Си-ен-ен, има 266 електроски гласа, а Харис 188 електорски гласа.
Во 202о година, актуелниот претседател Џо Бајден победи во Пенсилванија со повеќе од 80 илјади гласа.
Трамп стана првиот републиканеец што ја освоил Пенсилванија, по Џорџ Буш во 1988 година.