Камала Харис ќе се обрати во попладневните часови

Кандидатката на Демократите за претседателските избори Камала Харис ќе им се обрати на своите поддржувачи и на нацијата од Вашингтон попладне по американско време, соопштија нејзини тројца соработници за Ен-Би-Си Њуз.

Скопје е шест часа пред Вашингтон, што значи нејзиното обраќање ќе биде во доцните попладневни часови, после 18 часот по македонско време.

Харис се надеваше дека ќе го одржи својот победнички говор на теренот на Универзитетот Хауард, но таа ќе има сосема поинакво обраќање по нејзиниот голем пораз од Доналд Трамп.

Претстои Харис и официјално да го признае поразот.

Back to top button
Close