Во израелските напади врз Либан за 1,5 месец загинале над 2.600 луѓе
Министерот за здравство на Либан, Фирас Абијад денеска изјави дека повеќе од 2.600 луѓе, најголем број цивили, загинале во израелските напади.
Над 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Либан од 23 септември, посочи Абијан.
Вкупниот број на жртви во Либан од октомври минатата година, кога почна судирот помеѓу Израел и Хезболах, изнесува 3.000.