(Видео) Данела Арсовска го пријави новинарот Ландов. Tврдела дека била следена
Градоначалничката на Скопје го пријавила во полиција новинарот Кристијан Ландов за наводно загрозување на нејзината безбедност.
Ова го објави Ландов во вечерашниот ,, Претрес”. Настанот со кој што Ландов наводно ја загрозил безбедноста на Арсовска се случил пред неколку дена во 17 часот, но градоначалничката стравот го почувствувала по неколку часа, па во полициска станица отишла во 1 часот по полноќ.
Во нејзината пријава, таа лажно изјави дека била следена.
Емисијата требаше да се емитува пред Градското собрание за што беше испратено и уредно барање, но градоначалничката не дозволи со образложение дека тоа е пристапен пат за администрацијата на градот. Инаку администрацијата навечер во 19:00 кога започна поткастот, не работи. Заради ова испратено е барање до МВР кое одобри одржување на собир на истата локација.
Данела Арсовска, иако поканета, не се појави на собирот пред Град Скопје да одговори на многу отворени прашања.