Тимот на Трамп го претстави планот за ставање крај на конфликтот во Украина

Тимот на Доналд Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, предложи замрзнување на конфликтот во Украина и нови испораки на оружје во замена за ветувањето на Киев привремено да не се приклучи кон НАТО, пишува Волстрит Журнал, повикувајќи се на свои извори

Според весникот, тој план предвидува замрзнување на конфликтот и создавање демилитаризирана зона долж линијата на фронтот.

„Една од опциите предложени од транзициската канцеларија на Трамп ќе го вклучи ветувањето на Киев дека нема да се приклучи на НАТО најмалку 20 години, а во замена за тоа, САД ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје“, пишува Волстрит Журнал.

Сепак, останува недефинирано кој треба да ја преземе одговорноста за одржување на редот во демилитаризираната зона.

Еден од изворите рече дека „мировните сили“ на територијата нема да вклучуваат американски војници или оние на меѓународна организација спонзорирана од САД, како што е ОН.

-Можеме да помогнеме со обука и други видови поддршка, но оружјето ќе биде европско и нема да плаќаме за него. Нека го направат тоа Полјаците, Германците, Британците и Французите“, вели еден извор за весникот.

На крајот на краиштата, Трамп сè уште не одобрил ниту еден од плановите за регулирање на конфликтот во Украина, потсетува весникот.

За потсетување, Доналд Трамп, кој прогласи победа на претседателските избори во САД, во предизборната кампања даде неколку изјави за Русија и Украина

Back to top button
Close