Горат стари вагони во магацински простор на МЖ во Кисела Вода
Пожарникарите утрово сѐ уште се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Се прават обиди да се извлечат запалените вагони и да се гаснат надвор од депото.
Присутни се и инспектори од МВР, ќе се прегледуваат надзорните камери за да се утврди што се случило.
Штетата дополнително ќе се утврдува, засега нема информација за повредени