Првото семејство со ретката болест „Фабри“ ќе прими терапија
ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија информира дека денеска, првото семејство во државата, кај коешто е дијагностицирана болеста „Фабри“ ќе почне да прима терапија.
Оттаму соопштуваат дека ќе почнат со третман „Ензимска заместителна терапија“ која првпат се применува кај пациенти со ретка болест Фабри.
– Станува збор за првото семејство во Македонија кај кое е детектирана болеста на Фабри, велат од ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија