(Видео) Израелски навивачи нападнати во Амстeрдам: Нетанјаху испрати авиони, активирана и војската
Пропалестински напаѓачи повредија 10 израелски фудбалски навивачи во Амстердам, по што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање на спасувачки авиони за израелските граѓани во Холандија, пишува „Тајмс оф Израел“.
Напаѓачи кои извикуваа „Слободна Палестина“ вчера ги нападнаа навивачите на Макаби од Тел Авив во Амстердам, од кои двајца се исчезнати, а 10 се повредени, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Jewish Fans of Maccabi Tel Aviv F.C. were leaving a Soccer Match tonight in Amsterdam, when they were Attacked and Beaten by Crowds of Arabs that were waiting outside the Stadium. At least 12 Injuries are being reported, including several deemed to be Serious; with Jews said to… pic.twitter.com/ORD0EBxgEc
— OSINTdefender (@sentdefender) November 8, 2024
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање два спасувачки авиони за помош на израелските граѓани по нападот во Амстердам. Министерството за национална безбедност на Израел ги повика своите граѓани во Амстердам да останат во хотели во очекување на истрагата.
Според израелскиот министер за безбедност Итамар Бен-Гвир, нападите биле мотивирани од антисемитизам, а жртвите, како што навел, биле нападнати „со голема суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, објави Ројтерс.
Засега не е познато што точно го поттикнало нападот, а израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар побарал од холандските власти да им помогнат на израелските граѓани безбедно да стигнат до аеродромот.
Подоцна пристигна информација дека целата операција ќе ја надгледува израелската армија во координација со холандските власти.