Мајмуни избегале од лабораторија во САД: Заклучете ги домовите, порачаа властите

Oткако 43 мајмуни избегаа од истражувачки центар во мало гратче во Јужна Каролина во САД, полицијата ги повика жителите да ги заклучат своите домови и во никој случај да не им се приближуваат.

Мајмуните избегале од установа управувана од Алфа Генесис, која одгледува примати за медицински истражувања и тестирања, а се верува дека шетаат во дел од државата наречен Лоукантри.

Властите ги повикаа жителите да ги држат вратите и прозорците безбедно затворени и веднаш да пријават ако видат мајмуни. Меѓу избеганите животни има млади женки со тежина од по 3,2 килограми. Полицијата се обидува да ги намами со храна, се поставуваат замки, а се користат термални камери за лоцирање на мајмуните.

Back to top button
Close