Бајден по победата на Трамп го ограничи дупчењето нафта во Алјаска

Бајден по Само неколку часа откако републиканскиот кандидат, Доналд Трамп, победи на претседателските избори во САД, администрацијата на Џо Бајден го ограничи дупчењето нафта во Арктичкото национално прибежиште за диви животни на Алјаска.

Сепак, законот донесен за време на првиот мандат на Трамп бараше од федералната влада да дозволи закуп на земјиште таму во два наврати за потребите на дупчење и експлоатација на нафта. Закупот првпат беше понуден во 2021 година, но на крајот беше суспендиран и откажан од Министерството за внатрешни работи поради недостаток на интерес од нафтената индустрија.

Дупчењето беше забрането со децении во Арктичкото прибежиште, недопрен регион во североисточна Алјаска, кој е дом на широк спектар на загрозени видови.

Законот од ерата на Трамп бараше закупот повторно да се понуди пред крајот на 2024 година. Администрацијата на Бајден во средата објави дека на аукцијата ќе понуди околу 160.000 хектари, што е најмалата можна површина што може легално да ја понуди, пишува Си-Ен-Ен.

Back to top button
Close